Поради пандемијата Маврово – Ростуше ги  ослободи  обврзниците за плаќање на комуналната такса

На предлог на градоначалникот Медат Куртовски, Советот на општина Маврово и Ростуше денеска донесе Одлука за ослободување на обврзници од плаќање на комунална такса за истакнување на фирма, попозната како фирмарина.

Градоначалникот Медат Куртовски изјави дека „поради состојбата со вирусот Ковид 19, кој ги погоди сите фирми и не беа во можност нормално да функционираат, со оваа одлука општина Маврово и Ростуше ги ослободува од плаќање по основ комунална такса за истакнување на фирма сите обврзници во износ на една годишна обврска согласно евиденцијата со која располага локалната самоуправа“.

Куртовски објасни дека сите обврзници на комунална такса за истакнување на фирма ќе бидат ослободени од плаќање на комунална такса за истакнување на фирма за период од една година. Обврзиниците кои имаат долг за повеќе години ќе бидат ослободени од плаќање на комунална такса за една година и тоа за првата неподмирена календарска година.

Обврзниците кои го подмириле својот долг по основ комунална такса за истакнување на фирма заклучно со и 2020 година, ќе бидат ослободени од обврската за плаќање на комуналната такса за 2021 година.

Одлуката ја поздравија бизнисмените и населението од оваа рурална општина бидејки оценуваат дека одлуката за ослободување е од големо значање за активноста фирмите .

 

К. М. 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close