Поради појава на магла на патниот правец Тетово-Попова Шапка намалена видливост од 40 до 50 метри


Поради појава на магла на патниот правец Тетово-Попова Шапка се бележи намалена видливост од 40 до 50 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close