Поради претекнување се случил судирот кај Плетвар каде загинаа две лица

Основното јавно обвинителство Прилеп соопшти дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на тешката сообраќајна несреќа што вечерва се случи во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судир на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во сударот животот го загубиле две лица, меѓу кои и возачот на едното возило, а петмина се здобиле со повреди.

Обвинителот издал наредби за прибирање на траги од местото на несреќата, како и сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобила.

„Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испита евентуално присуство на алкохол или други супстанции. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата“, информираат од Обвинителството.

Back to top button
Close