Поради проблем со притисокот, на патници на американската авиокомпанија „Делта“ им крвавеле ушите и носот
Патниците на „Делта ерлајнс“ се закрепнуваат откако проблем со притисокот во кабината на летот од Солт Лејк Сити до Портланд остави неколкумина со крвавење на ушите и носот, јавува Си-ен-ен.
„Искрено им се извинуваме на клиентите за нивното искуство со летот 1203 на 15 септември“рече портпаролот на „Делта“ во соопштението.
По слетувањето во Солт Лејк Сити, патниците на летот 1203 биле сместени во друг авион. Техничарите на „Делта“ го решија проблемот со притисокот на авионот, соопшти авиокомпанијата, а следниот ден авионот повторно почна да лета.
Една патничка, Џејси Персер, изјавила за Си-ен-ен дека се чувствувала како некој да ѝ прободел нож во уво.
„Слушнав како излегува малку воздух, а потоа ми звучеше како увото да ми врие. Го допрев и почувствував крв“,рекла Персер.
Персер, која била на службено патување, изјавила дека нејзините колеги и другите патници исто така имале слични проблеми.
„Сите се држеа за уши, на луѓето им крвавеше носот“,додала таа.
Немало сериозни повреди, но медицинскиот персонал укажал помош на десет лица.
Федералната управа за авијација соопшти дека ќе го истражи инцидентот.