Поради штрајк затворен ГП Евзони за секаков вид сообраќај

Поради штрајк на грчките царински служби Граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 05:00 часот на 24.11.2020  до 05:00 часот на 25.11.2020 година, информираат од МВР.

– Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24 часовен штрајк на грчките царински служби, ГП Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 05.00 часот на 24.11.2020  до 05.00 часот на 25.11.2020 година, се вели во соопштението од МВР.

Back to top button
Close