Поради снегот скопјани утрово заглавија во сообраќај и доцнеа на работа. Ѓорѓиевски не се дава, снегот не го изненадил
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градските служби од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Град Скопје.

Покрај декларативната заложба, но мора да се признае дека и по улиците се движеа возила на зимските служби кои распрскуваа сол и песок, сепак тоа се случуваше со најмалко два часа задоцнување.
Додека граѓаните се обидуваа да стигнат на работа,а учениците во училиште последниот автобус што помина од Ново Лисиче беше „5-ка“ во 7.15 часот – следниот „15-ка“ дојде во 8.47 часот. Во меѓувреме, булеварот „Февруарски поход“ беше преполн автомобили кои лазеа по коловозот затоа што беше лизгаво. Два автомобила се удри – малку, само се ѕивнаа со браниците, но оној напред настрада затоа што тој зад него не можеше да прикочи, пренесе Независен.
Социјалните мрежии како и секоја година се полни со реакции од граѓаните за неисчистените лизгави Скопски улици,за сообраќајниот метеж,за колоните автомобили и за автобусите на ЈСП кои како што велат ги чекале и повеќе од 1 час и доцнеле на работните места.
Скопје ’26 – Отворено првенство на Македонија во уметничко лизгање напишал на фб духовит Скопјанец за лизгавите улици во Скопје на кои граганите се движеа како на јајца за да не настрадаат на замрзнатите неисчистени улици и тротоари во градот.







