Поради сообраќајка затворен експресниот пат од Штип до Кочани

Поради сообраќајна незгода вечерва е затворен експресниот пат од Штип до Кочани, од клучка Три Чешми до клучка Пробиштип, соопшти АМСМ во вонреден извештај.

Сообраќајот на поголемиот дел од патиштата во државава се одвива отежнато поради магла.Како што информираше претходно АМСМ, намалена видливост од 50 до 100 метри на патните правци Кочани – Штип, Битола – Прилеп – Плетвар, Кичево – Македонски Брод, Скопје – Куманово, Скопје – Велес и Велес – Катланово, а до 50 метри на патот Тетово-Групчин.

Back to top button
Close