Поради траумите полицајците кои ги пронашле трите убиени деца во Загреб ќе добијат стручна помош
Во стан во загрепската населба Млинови полицијата синожа пронајде три задушени деца и нивниот татко кој се обидел да се самоубие.
Таткото ги задавил трите деца, близнаци на седум и момче на четири години. Хрватската полиција објави детали за злосторството, пренесуваат хрватските медиуми.
-Денеска околу 02:00 часот во Млинови поради темелни информации за најавено самоубиство пријавени од граѓани поради објави на социјалните мрежи во стан е пронајден 56-годишен мож кој во моментот на влегување на полициските службеници бил во нарушена здравствена состојба. На местото пронајдени се и три деца без знаци на живот. Со доаѓањето на итната медицинска помош потврдена е насилна смрт на децата, а мажот е пренесен во болница каде е задржан на лечење, велат од хрватската полиција.
Николина Грубишиќ Пожар од загрепската полиција во изјава за медиумите рече дека полицијата немала сознанија за претходни проблеми, ниту пак имало интервенции во тоа семејство од страна на службеници.
– Како мајка и родител и полицаец, изразувам искрено сочувство до мајка им и поширокото семејство. На полицајците ќе им биде дадена стручна помош.