Поради Задушница, в сабота нема да се одржи „Марш на ангелите“ во Кочани
Поради Задушница, оваа сабота, на 1 ноември, нема да се одржи „Марш на ангелите“, соопшти на Фејсбук Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“.
„Овој ден е да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително“,се вели во соопштението на Здружението.
Родителите на починатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани изминатата сабота го одржаа 28. „Марш на ангелите“, барајќи правдата и вистината за овој случај да излезат на виделина.
Тие прашаа каде се институциите, каде е системот што требаше да ги штити и што не виде дека пред нив се создава однадвор шупа, а внатре замок на монструм.






