Поради зголемено ниво на Радика, урнат мостот што води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште


Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, на 16 декември урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше), соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патниот правец крак Маврово – Маврови Анови, поради појава на магла, видливоста беше намалена до 10 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close