Поранешен чувар на концентрациониот логор Штутхоф осуден на две години условна казна

Покраинскиот суд во Хамбург осуди поранешен припадник на СС и чувар во логорот „Штутхоф“ во близина на Гдањск на две години условна казна, соопшти судот во четвртокот.

Судот го смета 93-годишниот Бруно Деј за одговорен за помагање во убиство во 2.232 случаи. Судскиот процес беше спроведен според законот за малолетнички бидејќи Деј имал 17 години кога било извршено казненото дело.

Како член на Специјалните сили СС, Деј работел како чувар во логорот Штутхоф, во близина на Гдањск, каде биле затворани и убивани претежно полски Евреи.

За време на судењето, Деј објасни дека завршил како чувар затоа што не можел да биде испратен на фронтот поради срцева мана и оти тој „само извршувал наредби“.

На судењето исказ дале и 35 преживеани од логорот Штутхоф, кои сведочеле за ужасите во релативно непознатиот концентрационен логор низ кој, според некои проценки, поминале над 100.000 приведени, од кои 65.000 биле убиени таму.

Back to top button
Close