Поранешен фудбалер на Работнички поради војната на Блискиот Исток се врати во Сплит


Поранешниот фудбалер на Работнички Емир Сахити мораше да го напушти Израел поради војната на Блискиот исток. Воените случувања го принудија да замине од Тел Авив и со семејството да дојде во Сплит каде што претходно неколку сезони го носеше и дресот на Хајдук.

Сахити е играч под договор со Хамбургер (Бундес лига) и беше на позајмица во Макаби Тел Авив. Тој на пет натпревари постигна четири голови, а Макаби според германскиот Билд размислуваше да ја активира откупната клаузула на играчот од околу 500.000 евра.

Воената состојба придонесе тој преку Египет и Кипар да стигне до Хрватска каде ја очекува разврската и ја одржува физичката подготовка.

Шампионатот на Израел е прекинат, а од федерацијата планираат продолжување по паузата за репрезентативни настапи кон крајот на месец март. Тој не е единствениот фудбалер кој замина.

Сахити дресот на Работнички го носеше во периодот од 2015 до 2019 година кога направи трансфер во Хајдук.

Back to top button
Close