Поранешната естрадна ѕвезда Хелена Роза е кандидатка за градоначалник на локалните избори во Нов Зеланд

Хелена Роза, некогаш често присутна во македонските естрадни случувања, е кандидатка на претстојните локални избори во Нов Зеланд. Конкретно, Роза е кандидатка во општината Норт шор, која е дел од градот Окленд, пренесе МКД.мк.

Хелена, која во Македонија работеше и како ТВ-водителка, но и настапуваше во разни улоги на естрадните случувања, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и се чини дека добро се вклопила во општествениот амбиент таму, па сега решила да се ангажира активно во животот на локалната заедница.

Окленд е голем град и се смета за метропола на Северниот Остров на Нов Зеланд. Има урбано население од околу 1.530.500 жители (јуни 2024 година). Се наоѓа во поширокиот регион на Окленд, област управувана од Советот на Окленд, која ги вклучува оддалечените рурални области и островите на заливот Хаураки, и која има вкупно население од 1.797.300 жители од јуни 2024 година. Тој е најнаселениот град во Нов Зеланд и петтиот најголем град во Океанија

Back to top button
Close