Поранешната претседателка на Боливија обвинета за геноцид се соочува со 30 години затвор
Јавното обвинителство на Боливија бара 30-годишна затворска казна за поранешната претседателка Жанин Ањес на која и се суди за геноцид за смртта на демонстрантите по изборите во 2019 година, соопштија денеска боливиските власти.
Повеќе од 30 луѓе, главно поддржувачи на поранешниот претседател Ево Моралес, беа убиени за време на немирите кон крајот на 2019 година по гласањето на кое Моралес беше избран, но подоцна поднесе оставка и ја напушти земјата поради обвинувања за изборна измама.
Ањес потоа ја презеде власта и помина помалку од една година на таа позиција. Генералниот обвинител Хуан Ланчипа на прес-конференција рече дека специјалните воени сили употребиле „оружје со боева муниција против цивили“, што доведе до смрт и повреди на демонстрантите.
– Овие настани се случија по планирани армиски и полициски операции, кои беа наредени од владата и спроведени преку воени и полициски команданти, рече Ланчипа.
Обвиненија официјално се поднесени против Ањес и некои од нејзините поранешни колеги од владата, како и полициски и воени началници, додаде Ланчипа