Поранешниот албански премиер Фатос Нано во сериозна здравствена состојба

Поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, е во критична здравствена состојба.

Веста ја потврди болницата каде што се лекува, од каде наведуваат дека веќе 11 дена е на интензивна нега.

“Доживеал клиничка смрт (Кардио респираторен застој) дома пред 11 дена, а бил вратен во живот од страна на тимот лекари во приватната болница. Тој моментално е во сериозна состојба со обемно оштетување на мозокот и реагира само на светлина, објавија медиумите.

 

Фатос Нано (73) подолго време има проблеми со белите дробови и неколку пати бил хоспитализиран. Претходно бил хоспитализиран поради хроничен респираторен проблем, познат и како ХОББ, хронична опструктивна белодробна болест.

Тој е основач и прв лидер на Социјалистичката партија на Албанија. На чело на партијата беше од 1991 до 2005 година, кога целосно се повлече од политиката.

Премиер бил во три наврати од 24 февруари до јуни 1991, од 24 јули 1997 до 2 октомври 1998 и од 31 јули 2002 до 11 септември 2005 година.

Како премиер е најзаслужен за подобрување на односите со соседните земји, кои беа “замрзнати” во комунистичкиот период но не беа ништо подобри и во време кога на власт беа демократите.

Нано беше уапсен на 31 јули 1993 година под обвинение за злоупотреба на службената положба во корист на трети лица и осуден на 14 години затвор. Тој остана во затвор до 13 март 1997 година, а потоа, по познатите мартовски немири, кога земјата беше во хаос, тогашниот претседател Сали Бериша донесе одлука за негово помилување

Back to top button
Close