Поранешниот бугарски амбасадор Јорданов: Денешниот македонски идентитет е политички зап’рт’к, т.е. нешто неразвиено, недоизведено, уште во зародиш

Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија и европратеник од 2019 до 2024 година, Александар Јорданов, во јавна реакција оцени: „Тешко дека политичар може да го направи тоа, како што Марта Кос толку јасно и незаборавно го објасни националниот идентитет на денешниот Македонец”.

„И веќе е многу јасно каков е тој идентитет. Каков и да е: пинџурски, тавчегравчевски, полнети пиперки и ароматична погача. Вкусен идентитет!“, напиша поранешниот амбасадор во Македонија.

Јорданов се согласува со изјавата на Кос дека „идентитетот не може да биде предмет на политичка одлука” и потенцира на што го потсетило тоа.

„И тука веднаш се сетив, дека за Коминтерната, а по неа за македонските комунисти, а денес и за продолжувачите на нивните идеи и практики од партијата ВМРО-ДПМНЕ, идентитетот е прашање на партиска политичка одлука. Тој (идентитетот, н.з.) е таков каков што партијата наредила да биде“, пишува бугарскиот дипломат.

За македонскиот идентитет употребува бугарски израз (зап’рт’к), што се однесува на јајце од кое никогаш ништо нема да се испили.

„Денешниот македонски идентитет во оваа смисла е политички зап’рт’к, т.е. нешто неразвиено, недоизведено, неуспешно уште во зародиш“, потенцира тој.

….

Повеќе

Back to top button
Close