Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, сега сака да биде народен правобранител
Собранието ги објави кандидатите за Народен правобранител. Комисијата треба да донесе предлог-одлука за избор на нов Народен правобранител, за огласот кој заврши во саботата, а се пријавиле 17 кандидати.
Меѓу нив се актуелниот заменик правобранител Илбер Руфати, шефот на кабинет на претседателот на Собранието Дритон Небиу, Доан Сулејмановски, Мухамед Ходаи, Фатон Селами и други.
Меѓу кандидатите е и поранешниот државен правобранител Фехми Стафа кој во 2022 година беше разрешен од Владата, а во истиот момент и тој самиот поднесе оставка.