Поранешниот градоначалник на Кочани бара да му го укинат куќниот притвор

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој ја водеше општината кога се случи трагедијата во кабарето „Пулс“ и е меѓу обвинетите функционери за трагедијата, доставил барање до Судот да му се замени куќниот притвор со мерки за претпазливост, но по предлогот треба прво да се произнесе Јавното обвинителство.

Судот го повика Обвинителството да се произнесе по барањето, но јавниот обвинител побара по предлогот да се произнесе на следната главна расправа, бидејќи во овој момент, како што рече, „ги немаме сите информации“.

Денешното рочиште за трагедијата во која загинаа 63 млади луѓе, во судницата во „Идризово“ продолжи со сослушување на сведоци предложени од Јавното обвинителство. Беа повикани пет сведоци предложени од Јавното обвинителство, а обезбедени се четворица

Back to top button
Close