Поранешниот градоначалник на Њујорк е повреден во сообраќајна несреќа
Поранешниот градоначалник на Њујорк и поранешен личен адвокат на Доналд Трамп – Руди Џулијани, е повреден во сообраќајна несреќа што се случила во американската држава Њу Хемпшир.
.
Според информациите од локалната полиција, Џулијани (81) кој бил сопатник во автомобилот кој бил удрен одзади од друг автомобил во вечерните часови во саботата.
Неговиот телохранител, Мајкл Рагуса, изјави дека Џулијани претрпел фрактура на торакалниот пршлен, повеќекратни исеченици, модринки и повреди на левата рака и потколеница. Сите учесници во несреќата се пренесени во болница, и за среќа, ничиј живот не е во опасност.
Интересно е што несреќата се случила веднаш откако Џулијани ѝ помогнал на наводна жртва на семејно насилство, која го запрела покрај патот. „Градоначалникот Џулијани веднаш пружил помош и ги повикал службите за итни случаи“, рече Рагуса.
Полицијата во Њу Хемпшир потврди дека веќе истражувале пријава за семејно насилство во тоа време, кога биле сведоци на судирот на спротивната страна од патот.
Двете возила завршиле во средната лента и претрпеле голема штета. Возачот што го предизвикал судирот е идентификуван, но сè уште не се поднесени обвиненија, а истрагата е во тек.
Џулијани стана познат низ САД откако го водеше Њујорк за време на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, што му го донесе прекарот „Градоначалник Америка“.
Во 2008 година, тој неуспешно се кандидираше за претседател на САД, а подоцна стана близок соработник на Доналд Трамп, прво како советник за време на претседателската кампања во 2016 година, а потоа како негов личен адвокат од 2018 до 2020 година.
По поразот на Трамп на изборите во 2020 година, Џулијани промовираше неосновани тврдења дека изборите биле наместени. Поради тие изјави, претходно оваа година тој постигна прелиминарен договор со двајца поранешни работници во изборниот процес кои добија надомест во износ од 148 милиони долари (247,46 милиони КМ) за клевета