Поранешниот грчки премиер Ципрас се враќа на политичката сцена

Поранешните двајца грчки премиери Алексис Ципрас и Антонис Самарас се подготвени да се вратат на политичката сцена.

Непишаното правило во оваа земја вели дека поранешните грчки премиери треба да се воздржуваат од враќањето на сцената, но очигледно дека двајцата не сакаат да го следат тој пример, анализира Дојче Веле.

Тоа не е опција за Алексис Ципрас, кој управуваше со Грција сред должничката криза од 2015 до 2019 година. И покрај тоа што последните години беше повлечен, поранешниот идол на грчката левица сега работи на политички „кам-бек“.

После бројните гласини, Ципрас, конечно, призна дека сака да основа нова партија.

Во интервју за левичарскиот весник „Ефимерида тон Синтактон“ , поранешниот премиер рече дека сака да ја „реорганизира прогресивната опозиција, која денес не ја исполнува својата општествена улога“.

Заминувањето на Ципрас би значело и дооплнително тонење на „Сириза“, партија која денеска има едвај 4% доверба од граѓаните, и едвај би влегла во Парламентот ако сега се одржуваат избори.

На политичката сцена би можел да се врати и Андонис Самарас, кој беше премиер од 2012 до 2015 година.

Самарас со години ја критикува „надворешната политика на смирување“ и наводните „отстапки“ на Атина кон соседните земји. Тој беше особено разбеснет од „Преспанскиот договор“, со кој Ципрас и тогашниот македонски премиер Зоран Заев го завршија спорот за името на земјата во 2021 година. Евентуалното приближување на Грција со Турција е уште поголем „трн во окото“ на Самарас, пишува Дојче Веле.

Кон крајот на 2024 година, Мицотакис го исклучи Самарас од конзервативната партија Нова демократија, и тоа беше знак Самарас да ги засили своите отворени критики кон политиките на својот конзервативен ривал.

„Грција е маргинализирана и отсутна од меѓународната сцена. Како да сме се откажале од сопствената надворешна политика“, анализираше Самарас.

Според медиумските извештаи од Атина, формирањето на „патриотска“ партија под негово водство е само прашање на време

Back to top button
Close