Поранешниот локален лидер на СДСМ во Дебар премина во ДУИ

Поранешниот претседател на општинската организација на СДСМ во Дебар, Неџат Мимидиноски, премина во ДУИ, објави на Фејсбук лидерот на дебарскиот огранок на ДУИ, Артин Спахиу, кој постира и заедничка фотографија.

„Повеќе од 15 години патувавме заедно за заеднички права во Северна Македонија. Беше претседателот на СДСМ-Дебар до 2018 година и во ниту еден момент не сакаше да се оддалечи од заедничкиот пат со ДУИ, без разлика дали е од опозицијата или на власт, верувајќи во вредностите и достигнувањата на ДУИ, напиша Спахиу.

Сега, додава „продолжуваме заедно под чадорот на ДУИ, за целосна еднаквост на сите, за првиот премиер Албанец“.

– Освен Мимидиноски кон нашата партија се приклучија и дваесеттина негови приврзаници, изјави за МИА, Спахиу.

Пред три дена во ДУИ премина локалниот лидер на огранокот на Партијата за Европска иднина (ПЕИ), Абдија Мерсоски.

Меросвски е член Советот на општина Дебар, избран на последните локални избори од кандидатската листа на СДСМ-ПЕИ.

– Со неговото преминување во нашата партија Совет на општината кој брои 15 членови сега има шест советнички места. По две места имаат СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и Алтернатива и три Алијансата за Албанците, изјави тогаш за МИА, Спахиу.

Back to top button
Close