Поранешниот премиер на Пакистан, Кан и неговата сопруга осудени на 17 години затвор

Пакистанскиот суд го осуди поранешниот премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушру Биби на 17 години затвор поради корупција во случајот познат како „Тошахан 2“.
Кан и Биби се осудени на 10 години затвор поради кривичното дело злоупотреба на довербата, како и на дополнителни седум години затвор според неколку одредби од Законот за спречување на корупција. Тие и парично се казнети со по 10 милиони пакистански рупии (околу 30.500 евра).
Случајот „Тошахан“ се однесува на наводна измама поврзана со владини подароци што Кан и Биби ги добиле од саудиската Влада во 2021 година.






