Поранешниот претседател на украинскиот Врховен суд, Књазев осуден на пет години затвор поради корупција

Поранешниот претседател на украинскиот Врховен суд, Всеволод Књазев осуден е на пет години затвор откако украинскиот суд денеска ја потврди неговата спогодба со обвинителството.

Књазев, кој е обвинет за примање мито, во целост призна вина. Како што соопшти Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО), Књазев се согласил да сведочи против соучесниците.

Високиот суд за борба против корупцијата, покрај петгодишната затворска казна, му забрани и да извршува судски или полициски позиции во траење од три години. Судот, исто така, нареди запленување на станот и куќата на Књазев, неговите заштеди вредни повеќе од 200.000 долари и митото од 1,25 милиони долари.

Покрај тоа, Књазев вети дека ќе донира 1,1 милион долари на вооружените сили на Украина преку добротворната организација „Вратете се живи“.

Back to top button
Close