Поранешниот романски министер за финансии осуден за примање мито

Романскиот суд денеска го осуди поранешниот министер за финансии Дариус Валцов на шест и пол години затвор за земање мито во замена за политичко влијание при доделувањето јавни договори.

Валцов (43) беше министер за финансии во 2014-2015 година.во владата на Виктор Понте, а подоцна беше и економски советник на социјалдемократската влада и автор на бројни контроверзни закони за даноци. За време на судењето, Валцов ги негираше сите обвиненија.

Пресудата сè уште не е правосилна затоа што Валцов има право на жалба.

Во 2018 година, Валцов беше осуден во посебен судски процес на осум години затвор за перење пари. И двата случаи се поврзани со одобрување јавни договори, додека Валцов беше градоначалник на Слатина, на југот на земјата, од 2004 до 2012 година.

Back to top button
Close