Поранешниот турски репрезентативец Гонул приведен за берзански измами

Дванаесет осомничени, меѓу кои и поранешниот турски фудбалски репрезентативец Гокан Гонул, се приведени денеска во рамки на обемна истрага поврзана со наводни манипулации на Истанбулската берзата, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул.
Дефанзивецот Ѓонул е поранешен играч на истанбулските гиганти Фенербахче и Бешикташ и има 66 настапи за турската репрезентација.
Групата е осомничена дека вршеле координирано тргување на берзата со цел вештачки да ја зголемат цената и обемот на тргување на одредени акции. Како резултат на тоа, биле забележани необични флуктуации на цените на акциите што не одговарале на природниот тек на пазарната активност и довело до загуби за малите инвеститори на берзата.
Апсењата биле извршени во координирани полициски акции во Истанбул, Анкара, Анталија, Самсун и Кахраманмараш.
Осомничените се под истрага за формирање криминална организација и извршување пазарна измама преку употреба на внатрешни информации.






