Порано имавме понижувачки, а денес имаме договори со кои сме горди, вели Митева од ВМРО-ДПМНЕ
Портпаролката на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, договорот за стратешко партнерство со Велика Британија го нарече „дипломатска и историска победа за Македонија“.
Нешто што во минатото беше дипломатија која што симболизираше некои кратки средби коишто имаа само фото вест. Денеска ние ги претвораме во стратешки документи, нешто што значи навистина долготраен и долгогодишен развој на нашата Македонија“, рече Митева во гостување на ТВ„Алфа“.
Според неа, договорот е важен од политички, но и од економски аспект. Митева вели дека во минатото сме имале „состојба на договори коишто за нас значеа понижување, денеска имаме договори коишто за нас и нашите граѓани значат гордост“.