Пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот во Украина

 Во последните 24 часа во Украина се регистрирани 841 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Во последните 24 часа регистрирани се девет починати, а закрепнале 373 луѓе. Од вкупно 35.825 случаи на коронавирусот во Украина, до сега се излекувани 16.406, а починале 994 луѓе.

Премиерот на Украина, Денис Шмигал предупреди за опасност од втор бран на заразата во земјата.

Back to top button
Close