Пораз на гостувањето во Полска

 

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вечерва претрпе пораз од 3:0 од Полска. Ова беше првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2027.

На дуелот во Краков, Полска поведе со автоголот на Адриан Зенделовски во 22.минута и тоа беше резултат од првиот дел. Домашната репрезентација до убедливата победа стигна со двата гола за четири минути во средина од вториот дел. Во 65.минута на 2:0 зголеми Марсел Регула, а конечните 3:0 ги постави Томаш Пиенко.

Избраниците на селекторот Горан Станиќ следниот натпревар го играат на 9.септември во Битола, а противник е репрезентацијата на Италија.

Back to top button
Close