Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора
Кадетската женска ракометна репрезентација на Македонија денеска во натпреварот за 21.место на Европското првенство во Црна Гора загуби од Романија со 40:25 (22:10). Поразот воедно значи и испаѓање од елитното друштво и по две години настап на ЕХФ шампионатот.
Натпреварот беше решен на самиот почеток. Романија до средина на првиот дел дојде и до највисоките во првиот дел +12 (16:4). Во второто полувреме Романките само ја одржуваа предноста која начесто беше од 13 до 15 голови разлика.
Во репрезентацијата на Македонија најефикасна беше Ања Лашкоска со 7 голови, а Марија Димоска постигна 5.
Македонија Европското првенство за кадетки (ракометарки до 17 години) го заврши на 22.место.