Порфириј: Ја исцеливме раната што нè болеше 55 години


Овој одѕив на браќата и сестри од Србија и од Македонија покажува дека е добро и честито срцето на нашите народи и силно чука за сите нас, во ритамот на Христос. Покажува дека Господ нѐ виде и нѐ погали, рече поглаварот на СПЦ
Денеска сме заедно во храмот „Свети Сава“. Иако знаеме дека црквата е пирамидално поставено, се согласивме дејствувањето да биде обратна пирамида, народите да бидат на врвот, а ние на дното. И да служиме. Црквата и Христос во нас и меѓу нас да растат. Да бидеме слуги на слугите, мирот на Господ да биде секогаш со нас и љубовта негова и единството да е свето, рече поглаварот на Српската православна црква Порфириј во обраќањето на заедничката литургија со поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот охридски и македонски Стефан во храмот „Свети Сава“ во Белград.

„Овој раскол што траеше 55 години направи длабока рана која боли. Со таа мисла за раната да се исцелува заспивавме и се будевме. Не може раната само со наши сили да биде исцелувана. Затоа велам, тоа е чудо Господово. Сѐ што имаме, од Бога сме добиле, а кога трпиме, најчесто е последица на наши погрешни чекори. Разбравме дека има рана што е отворена од нашите постапувања. Затоа се обративме до сите цркви да го направиме тоа што не ни одеше од рака. Тој момент кога тоа го помисливме, се случи чудото неочекувано. Нашата радост е неизмерна денеска, тоа е радост. Ние сме во црквата едно. Овој одѕив на браќата и сестри од Србија и од Македонија покажува дека е добро и честито срцето на нашите народи и силно чука за сите нас, во ритамот на Христос. Покажува дека Господ нѐ виде и нѐ погали. Единствено нешто што не смееме да чиниме е да ја спречуваме волјата на Господ“,

рече Порфириј.
Тој посочи дека оние сили што се противат на Господ, кои не го сакаат него, нив ги нарекуваме демонски сили и дека тие, како што рече, ќе прифатат сѐ освен единство, ним им е потребен раскол, да го раскинат човекот на делови.

„Eден е Господ, една е црквата, го чуваме единствениот поредок, ја чуваме верата и ја пројавуваме таа вера. Нема единство без вера. Тоа важи за секоја парохија, за една помесна црква, за сето православие. Ние проповедаме да веруваме во една апостолска црква. Една црква, еден Господ. Единството во верата и во преданието на црквата извира од света литургија“, рече Порфириј и им посака добре дојде на владиците од МПЦ-ОА.

Back to top button
Close