Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули

– Породилното отсуство ќе биде продолжено до 31 јули, а скринингот на градинките сè уште трае, но ќе заврши за кратко време, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери изјави дека што се однесува до главниот град Скопје, скринигот на вработените во градинките по пауза од три дена, продолжил денеска.

-Поради растот на случаите со Ковид-19 повеќе се посветивме на случаите кои беа поургентни и лица со хронични болести и што побрзо откривање на нивните резултати кои на крај испаднаа позитивни, рече Зибери.

Ќе се тестираат околу 2.000 лица вработени во градинките, а досега се тестирани 1.667, како и 545 вработени од домовите за стари лица.

Back to top button
Close