Порталот за борба против ренсомвер им помага на жртвите од хакерски напади
Европол денеска соопшти дека специјализираниот интернет портал „Номерерансон“ нуди бесплатна помош за жртвите на ренсомвер – компјутерски вирус со чија помош хакерите од физички и правни лица изнудуваат откуп и оти досега е спречено 632 милиони долари да дојдат до кибер криминалците.
Ако вирусот ренсомвер продре во компјутер почнува да ги шифрира потенцијално важните податоци и корисникот не може да пристапи без да им плати откуп на хакерите.
– Такви хакерски напади се случуваат со години, но последните месеци се интензивираа, а на мета се болниците и владините институции на некои земји и тоа во ситуација кога светот е погоден од пандемијата со Ковид-19, наведува Европол во соопштението издадено по повид четири години од постоењето на порталот „Номерерансом.орг“. (No more ransom – нема повеќе откуп)
Порталот досега имал над 4,2 милиони посетители од 188 држави.
Со 163 партнери, порталот Номерерансом е прв пример на јавно-приватно партнерство во таа област и е достапен на 36 јазици, а во изминатата година во својата збирка воведе 28 софтверски алатки за декрипција и може да се избори со 140 различни типови на ренсомвер вирусот.