Портланд ја победи Филаделфија, Ембид не го доигра мечот поради повреда

Еден од најдобрите играчи на Филаделфија, Џоел Ембид се здоби со повреда на дуелот со Портланд одигран ноќеска во Орландо. Дваесет и шестгодишниот Камерунец во 6. минута лошо доскокна и го повреди левото стапало. До тој момент Ембид имаше два поена, четири скока и една асистенција.
Средбата заврши со победа на Портланд од 124:121.
На другите два натпревара од НБА лигата играни ноќта недела кон понеделник постигнати се следниве резултати:
Сакраменто – Хјустон 112:129
Лос Анџелес клиперс – Бруклин 120:129






