Портпаролот на ФФМ по жолтиот картон за Заев и Пендаровски: Фудбалерите не смеат да се видат ниту со најблиските

Портпаролот на ФФМ Златко Андоновски вечерва во гостување на Сител Телевизија во врска со изјавата на премиерот Заев дека Сејдини не му дава да се види со фубалерите изјави дека со драго срце го прифаќаат секој повик за поддршка за репрезантацијата од страна на Владата и претседателот, но поради строгите ограничувања пред се од УЕФА, фудбалерите се во таканаречен заштитен меур, и не се дозволува контакти дури и и со најблиските.

– Строгите ограничувања се единствена причина поради која ние моравме да вратиме на дописот од Владата и претседателот Пендаровски пуштајќи ги сите протоколи и од УЕФА, па дури и дисциплинскиот правилник и тоа што веќе во репрезантацијата имаме потврден ковид случај. Едноставно ако сакаме да се однесуваме и да играме на европско со тие репрезентации, тогаш мора да го почитуваме и тоа што ни е препишано – рече Андоновски.

Back to top button
Close