Португалецот Лаге нов тренер на Вулверхемптон

Англискиот прволигаш Вулверхемптон за нов тренер на екипата го назначи португалскиот стратег Бруно Лаге, кој во сезоната 2019/20 седеше на клупата на Бенфика.

Лаге (45) доаѓа во Вулверхемптон на местото на својот сонародник Нуно Еспирито Санто, кој по четиригодишна соработка го напушти клубот.

Под водство на Санто премиерлигашот од Вулверхемптон избори пласман во Премиер лигата во сезоната 2018/19, а следната сезона настапи во четвртфиналето во Лига Европа.

Минатата сезона Вулверхемптон ја заврши на 13. место, шест позиции подолу во однос на резултатите од 2019 и 2020 година.

Back to top button
Close