Португалија без Роналдо против Мексико и САД


Фудбалерот на саудиски Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој се повреди на крајот на февруари, го нема на списокот играчи повикани во репрезентацијата на Португалија за пријателските натпревари против Мексико и САД, јавија денеска светските агенции.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ ја повреди тетивата на натпреварот од саудиското првенство против Ал-Фајах на 28 февруари.

Португалскиот селектор Роберто Мартинез претходно оваа недела изјави за локалните медиуми дека Роналдо има „лесна повреда“.

Португалија ќе игра против Мексико на 28 март и против САД на 31 март во Атланта, подготвувајќи се за Светското првенство во кое ќе биде во група со Колумбија и Узбекистан, како и победникот од плејофот меѓу Нова Каледонија, Јамајка и Демократска Република Конго.

Back to top button
Close