Посебен режим на сообраќај денеска и утре на „Илинденска“ во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека поради подготовки и одржување митинг, почнувајќи од денеска до утре односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот.

Како што е соопштено, за сообраќај ќе биде затворен дел од бул.„Илинден“, на потегот од мост „Гоце Делчев“ до бул.„Климент Охридски“, во двата правца.

-Во текот на утрешниот ден, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје, информира СВР Скопје и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се случува настанот

Back to top button
Close