Посебен режим на сообраќај по повод Илинден на подрачјето на СВР Битола

 

Утре и во вторник ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради одржување  прослава по повод националниот празник Илинден 2022 година во Крушево.

Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 01.08.2022 година па се до 22.00 часот на ден 02.08.2022 година на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место викано „Слива”, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира да локалните жители да се воздржат од движење со работни и земјоделски машини по наведените патни правци во наведениот временски период.

До сите граѓани учесници во сообраќајот апелира да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Back to top button
Close