Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Центар

 Поради најавен настан во организација на политичка партија, кој треба да се одржи в сабота, утре од 17 часот до завршување на настанот, ќе биде затворен сообраќајот од крстосницата на булевар „Гоце Делчев” со булевар „Илинден” до крстосница на булевар „Илинден” со булевар „Св.Климент Охридски”, информираат од Министерството на внатрешни работи.

Дополнуваат дека на околните сообраќајници во Скопје ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај и апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници. а

Back to top button
Close