Посебен сообраќаен режим во Скопје до среда

Министерството за внатрешни работи известува дека од денеска до среда ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјалната посета на претседателот на Албанија Илир Мета.

Мерки за посебен режим ќе има на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.

Back to top button
Close