Посебни мерки во Шутка поради екстрадицијата на Палчо

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски стапна на македонско тло. Во моментов се транспортира од скопскиот аеродром до истражниот затвор Шутка. Таму се спроведуваат посебни мерки поради неговото враќање во Македонија.

Во затворот во Шуто Оризари пристигнати се специјални единици, а сите затвореници се под клуч.

Командирите издале наредби дека никој не смее да излегува надвор од местото каде што издржуваат затворска казна без разлика дали во отворено или полуотворено одделение.

Многу медиумски екипи се пред затворот и го очекуваат пристигнувањето на Палчо во Шутка. За потсетување, авионот со кој беше екстрадиран во Турција, во 19.30 часот слета на скопскиот аеродром.

Back to top button
Close