Посетата на Шоле и Ескобар на Скопје одложена за после нова година

Амбасадата на САД во Скопје потврди дека добиле известување дека советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле и делегацијата во која што требаше да биде и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ја одложиле посетата на Северна Македонија за после Нова година. Тие во Скопје требаше да допатуваат в среда.

Нема објаснување зошто е одложена посетата.

Според првичната најава, Шоле и Ескобар во Скопје требаше да разговараат со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Back to top button
Close