Поштарите во Канада стапија во масовен штрајк

Вработените во „Канадска пошта“ вчера штрајкуваа низ целата земја откако канадската Влада ја повика компанијата да преземе сеопфатна трансформација за да ги зајакне своите финансии и да го модернизира своето работење, соопшти Канадскиот синдикат на поштенски работници.

„Како одговор на нападот на Владата врз нашата поштенска служба и работници, сите членови на синдикатот во „Канадска пошта“ моментално штрајкуваат низ целата земја“, објави синдикатот.

„Разочарани сме што синдикатот одлучи да ги засили своите штрајкувачки активности“

„Канадска пошта“ соопшти дека неговото работење ќе биде суспендирано поради штрајкот и дека неговите клиенти можат да очекуваат доцнења во испораката.

„Разочарани сме што синдикатот одлучи да ги засили своите штрајкувачки активности, што дополнително ќе ја влоши финансиската состојба на „Канадска пошта“, изјави компанијата, пренесоа британските медиуми.

Претходно вчера, канадската Влада ѝ нареди на „Канадска пошта“ да започне со големи промени во своето работење, велејќи дека компанијата се соочува со структурни предизвици кои, поради застојот во преговорите меѓу работниците и менаџментот, ја ограничиле нејзината способност за прилагодување, предизвикувајќи зголемени загуби.

Владата, исто така, изјави дека ситуацијата е неодржлива, дека компанијата е несолвентна и дека повторените интервенции од страна на државата и спасувањето на компанијата не се долгорочно решение.

Таа додаде дека ја разгледува можноста за зголемување на цената на поштенските марки

Back to top button
Close