Поскапува бензинот, дизелот со иста цена

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува од вечерва на полноќ за 0,5 денари, и од утре малопродажната цена ќе му биде 85 денари.

ЕУРОСУПЕР 98 останува со иста цена и ќе се продава по 87 денари по литар, додека иста останува цената и на ЕУРОДИЗЕЛ кој ќе се продава по 74 денари.

Се менуваат и цените на екстра лесното масло и мазутот, кои од утре ќе се продаваат по 72,5 денари по литар за лесното масло (поевтинување за 0,5 денари) и 41,1 денар за мазутот (поскапува за 0,3 денари).

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close