Поскапува дизелот – ова се новите цели на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Цените на бензините останува непроменета, додека ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1 денар.

Така ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по цена од 66 денари по литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74,5 денари, и на ЕУРОСУПЕР 98+ останува 76,5 денари.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари. Цената на мазутот исто така се зголемува за 0,6 денари, и ќе изнесува 38,5 денари.

Back to top button
Close