Поскапува дизелот за 2 денари, цената на бензините иста
Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува 2 денари за литар, а на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така останува, односно ќе се продава за 95,5 денари за литар.
Исто така, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста и таа изнесува 54,6 денари