Поскапуваат горивата


Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 отсто во однос на претходната одлука од 29 јуни.

Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 87,50 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 2,50 денари и новата цена изнесува 82,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 2,00 денари и ќе чини 81,50 денари за литар.

Кај мазутот М-1 НС има мало намалување, па новата цена изнесува 41,230 денари за килограм, што е за 0,265 денари помалку од претходно.

Во образложението на одлуката, РКЕ наведува дека на светскиот пазар е регистриран раст на референтните цени кај бензините, дизелот и екстра лесното масло, додека кај мазутот има благо намалување. Влијание врз пресметката имал и курсот на денарот во однос на доларот.

Со новата пресметка, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува од 84,50 на 85,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 од 86,50 на 87,50 денари, дизелот од 80,00 на 82,50 денари, а ЕЛ-1 од 79,50 на 81,50 денари.

Back to top button
Close