Поскапуваат суплементите, аналгетиците, спрејовите за запушен нос..

Од Министерството за здравство порачуваат дека следи поскапување на производи како што се суплементите, аналгетиците и лековите за третман на настанки, кои не се на позитивната листа на лекови и кои не подлежат на регулирање. Од таму порачуваат дека поскапувањето нема да ги опфати лековите што се на товар на Фондот.

– Станува збор за ОТЦ лекови, односно лекови што се издаваат или продаваат без лекарски рецепт, во аптеките или во продавниците за промет на мало. Цените на овие лекови на пазарот, се формираат слободно и не подлежат на регулирање, согласно позитивните прописи од областа на лековите. Во оваа категорија спаѓаат производи како што се комбинација на витамини, минерали, препарати за третман на симптоми на болка, запушен нос и слично. Значи не станува збор за зголемување на цени на лекови од позитивната листа, нагласуваат од Министерството за здравство во писмениот одговор до МИА.

Back to top button
Close