Поскок каснал момче од Македонија во близина на Ниш

Змија поскок претпладнево каснала четиринаесетгодишно момче од Македонија во Јелашничка клисура близу Ниш, јавуваат српските медиуми. На момчето му се направил оток на лицето, но лекарите брзо реагирале, му ја дале неопходната терапија, а потоа со полициски џип бил префрлен на Детската клиника во Ниш каде му била укажана помош.

-Малолетникот бил примен на Детската клиника со повреда од каснување на змија на лицето. Тој има оток на левиот образ којшто е саниран. Прими антивеперин и нема компликации, добро изреагира, изјавиле од Клиничкиот центар во Ниш.

Момчето било дел од екипата од Северна Македонија во Јелашничка клисура каде по шести пат се одржувала авантуристичка трка која ја организирала општината Нишка Бања во соработка со Спортскиот клуб „Триба“ од Белград.

Тоа е посебна вештина и спој на атлетиката, снаодливоста и издржливоста која подразбира ползење, провлекување низ кал и слично.

-Момчето се наоѓа на трката со своето семејство кои исто така се алпинисти. Натпреварот се одржа вчера, а денеска беа пропратните манифестации така да се чистеше клисурата, се спуштавме од карпите и слично. Спуштањето со јаже беше дополнителна активност. Полициската бригада веднаш го стави во џип и го превезе на лекар. Нам, качувачите, инаку годишно два пати во просек не каснува поскок, но сега се реагираше многу побрзо бидејќи детето беше каснато на главата, рекол претставник од клубот.

Станувало збор за трка во која учествувале околу 800 натпреварувачи од Србија и регионот.

Back to top button
Close