Последен апел од БЕГ да се санираат дефектите

Во моментов во околу 320 колективни станбени објекти сè уште не се обезбедени услови за непречено одвивање на грејната сезона 2021/2022. Во тие објекти има дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.

Снабдување со топлина Балкан Енерџи ги повикува потрошувачите, заедниците на сопственици и управитлите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона.

„Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.

Снабдување со топлина Балкан Енерџи постојано ги комуницира потрошувачите и заедниците на станари, односно компаниите кои управуваат со станбените единици за отстранување на пречките за да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено.

Грејната сезона може да започне од први октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Токму поради тоа, во овој период во тек се редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност, како и ладните проби на системот со цел да се обезбеди сигурна и квалитетна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи по почетокот на грејната сезона.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.

Back to top button
Close